Црна хроника
Таксист од Скопје фатен со дрога во Куманово
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против скопјанец на возраст од 52 години, вработен во такси-компанија, поради основано сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот со цел обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка.
При извршен преглед на возилото на 27.1.2021 година околу 23:00 часот во Куманово, на улицата Трст во непосредна близина на ОУ „Бајрам Шабани“, службените лица пронашле дрога која осомничениот која неовластено заради продажба ја држел и пренесувал. Наркотичната дрога марихуана, во вкупна нето-маса од 156,6 грама, осомничениот ја држел во внатрешноста на возилото, во самиот негов скут, спакувана во едно најлонско пакување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.