Црна хроника
Тело на маж пронајдено во близина на граничниот премин Блаце, бил прегазен од возило
Маж бил прегазен од возило, а неговото мртво тело лежело на магистралниот пат Скопје – граничен премин Долно Блаце.
Според информациите од полицијата за „Макафакс“, во моментот се утврдува идентитетот на лицето.
Неофицијално, станува збор за мигрант што ја поминал границата. Телото на мажот било најдено во близина на клучка Стенковец, а од страна на лекар од итната медицинска помош констатирана била смрт.
Засега нема информации кој го управувал возилото и го прегазил човекот.
Извршен е увид од јавен обвинител, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тинејџерка натепана од партнерот во Чаир
Деветнаесетгодишна девојка пријавила дека пред два дена околу 23.00 часот во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер А.С.(21), кој употребил и тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка
Дваесет и четиригодишна девојка од Крива Паланка била нападната од речиси тројно повозрасна скопјанка, кај којашто престојувала под кирија.
„На 10.05.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје Т.Н.(24) од Крива Паланка пријавила дека околу 12.30 часот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од О.С.(67), кај која престојувала во нејзиниот дом под кирија“, објави МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање
Сопружници биле нападнати вчера во Аеродром од страна на роднинска брачна двојка, а поради нерасчистени имотно-правни односи.
Според информациите во полицијата, честворицата се на возраст од 45 до 51 година.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.