Црна хроника
Тепачка меѓу четири лица во Тетовско поради нерасчистени имотно-правни односи
Вчера, во 12.55 часот, во СВР Тетово пријавено е дека во тетовското село Пирок бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, во која учествувале четири лица од ова село, а поради нивни нерасчистени имотно-правни односи за кои воделе судски спор, извести СВР Тетово.
Десетина минути подоцна, во Полициското одделение Камењане се пријавиле двајца од инволвираните во пресметката, 29-годишниот Ф. И. и 25-годишниот К. И., а обезбедени исто така се и другите двајца инволвирани, додаваат од СВР Тетово.
Случајот целосно е расчистен и на учесниците во нарушувањето ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Млади лица приведени во Аеродром и Центар оти се однесувале агресивно со полицајци
Полицијата во Скопје во неделата (9 ноември) привела две лица кои агресивно се однесувале кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија.
На подрачјето на општина Аеродром, бил приведен Ф.Ц. (28) од Скопје, а во Центар, полициските службеници го привеле и А.М. (24) од Скопје, поради истата причина.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на двата случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
Скопјанка пријавила напад и закана со оружје, нејзиниот партнер тврди дека таа фрлала предмети кон него
Партнери од Скопје меѓусебно се пријавиле за напад и закани.
Прво, во неделата (9 ноември) околу 12:30 часот, 38-годишна жена пријавила во полиција дека нејзиниот 45-годишен партнер претходната ноќ, околу 00:30 часот, во неговиот дом во скопско ја нападнал со тврд предмет и ѝ се заканувал со огнено оружје.
Неколку часа подоцна, околу 15:50 часот, истиот маж се појавил во полициската станица и поднел пријава против својата партнерка, тврдејќи дека и тој бил нападнат, при што таа фрлала предмети кон него и оштетила дел од покуќнината.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Топ
Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе
Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот, во семејниот дом физички го нападнала своето шестмесечно бебе.
Бебето било итно пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана лекарска помош.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

