Црна хроника
Тепачки во две скопски кафеани, биле употребени и ножеви
Во два угостителки објектa во Скопје синоќа дошло до тепачки меѓу гостите, при што биле употребени и ножеви. Во физичките пресметки неколку лица биле повредени, од кои едно потешко.
Првиот инцидент се случил во попладневните часови на 22 март во ресторан на улицата Рузвелтова.
Како што информираат од МВР, во тепачката учествувале двајца скопјани на возраст од 18 години од една и две лица од друга страна, од кои едниот бил на возраст од 25 години.
При пресметката бил употребен и нож, а со тешки телесни повреди се здобил 25-годишникот кој бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а повреден бил и неговиот пријател. Од другата страна, со повреди се здобил еден од 18-годишниците.
Од полицијата додаваат дека тројцата се обезбедени, а се преземаат мерки за пронаоѓање и за четвртиот учесник во тепчката и целосно расчистување на случајот.
Втората кафеанска тепачка во Скопје се случила по полноќ, на 23 март, во селото Марино.
Во тепачката учествувале 27-годишник од село Кадино од една страна и две лица од друга страна. Во пресметката, 27-годишникот бил прободен со нож. Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а неговите напаѓачи се приведени во полициска станица.
Полицијата работи на расчистување и на овој случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени осум возачи во Тетово, Гостивар, струшко, кичевско и во Прилеп: возеле со брзина многу поголема од дозволената
Вчера во 11:20 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.И.(23) од Тетово. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 103 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.
Вчера во 11:50 часот на регионалниот пат с.Желино-с.Јегуновце -с.Сиричино во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода И.Р.(41) од с.Слатино, тетовско. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 104 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.
Вчера во 12:18 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.Т.(23) од Тетово. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 111 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.
Вчера во 12:58 часот на патот Тетово – Гостивар, на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Н.Б.(25) од Албанија. При контрола со радар е констатирано дека управувала патничко возило „голф“ со косовски национални ознаки со брзина од 189 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.
Вчера во 14:44 часот на патот Тетово – Гостивар, на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.В.(19) од с.Вејце, тетовско. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 156 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.
Вчера во 13:33 часот на магистрален пат во с.Мислешево, струшко, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода В.Л.(41) од с.Ливада, струшко. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 104 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.
Вчера во15:51 часот на магистрален пат во с.Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Ј.С.(29) од Турција, со престој во Скопје. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 103 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.
Вчера во 15:37 часот на ул.„Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Б.(20) од Прилеп. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Битолско, пронајдени оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија, дрога и оружје при СВР Битола во координација со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција го лишија од слобода 51-годишниот А.А. од село Кишава, битолско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се една автоматска пушка „М70АВ2″ од југословенско производство, една рамка за пушката и 258 куршуми калибар 7.62х39мм. Исто така, пронајдени се и четири ловечки пушки, еден пиштол, 78 ловечки патрони калибар 12мм, 50 куршуми калибар 8х57мм и 72 куршуми калибар 9мм.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе боиде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.
Топ
Оштетени 34 автомобили на паркинг во Аеродром, штетата над 10.000 евра
На паркинг простор на булеварот АСНОМ во скопската населба Аеродром биле оштетени 34 возила.
Како што соопштуваат од МВР, оштетувањето било извршено во периодот од 23:00 часот на 27 декември до 09:00 часот на 28 декември 2025 година, при што е причинета вкупна материјална штета од околу 11.000 евра.
Извршен е увид, а за случајот е известен јавен обвинител, а се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот, соопштуваат од полицијата.
Фото: илустрација (Pexels)

