Црна хроника
Тетовец бегајќи со автомобил со наркотици оштетил полициски возила и наплатна рампа
Триесет и тригодишен тетовец од Пирок бил уапсен од полицијата во тетовско Сиричино во вечерните часови на 2 април.
Како што информираат од МВР, на апсењето му претходела тензична бркотница, бидејќи 33-годишникот кој управувал „фолксфаген пасат“ со германска регистарација, одбил да застане на даден знак од полициски службеници во гостиварска Топлица и Врапчиште.
Додека бегал од полицијата, во еден момент, враќајќи се наназад со возилото, тетовецот удрил во полициски службеник.
Потоа продолжил по автопатот Гостивар-Тетово каде со автомобилот оштетил наплатната рампа и се упатил кон тетовско Желино и по локалниот пат за Сиричино, а попатно удрил и оштетил и две полициски возила.
Во знак на предупредување да застане, полиција испукала и неколку предупредувачки истрели.
Подоцна, во автомобилот со кој престапникот бегал биле пронајдени остатоци од бела прашеста материја.
Тетовецот со иницијали М.А. е задржан во полициската станица во овој град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.