Црна хроника
Тетовец измамил маж од Германија: за голема сума пари му вршел верски обреди
Синоќа, околу 19.20 часот, на улицата Илинденска во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот тетовец З. Д..
Мажот бил пријавен од 67-годишниот Е. Ќ. од Германија.
Тој се сомничи дека минатата и оваа година, со лажно прикажување факти, од Е. Ќ. побарал и добил поголема сума парични средства, наводно за решавање одредени проблеми или верски обреди. З. Д. бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
(Фото) 30-дневен притвор за скопјанецот кој со пиштол крадеше во филијали за брзи кредити
Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 25-годишниот Б.А. од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари.
Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признал делата.

Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор од 30 дена.
Црна хроника
Пронајдена автоматска пушка во скопско, уапсени две лица
Пронајдена автоматска пушка во автомобил на патот од Арачиново кон Брњарци, уапсени се две лица.
Според информациите на МВР, вчера во 16:20 часот на локален пат од село Арачиново кон село Брњарци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција ги лишија од слобода Ќ.И. (33) од Куманово и Е.И. (65) од с. Грушино.
При преглед на патничко возило „ауди“, кое го управувал Ќ.И., а Е.И. бил сопатник, пронајдена е автоматска пушка и една рамка за пушката.
Лицата се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена кривична пријава.
Топ
На „Дижонска“ уапсен скопјанецот кој пукаше со пиштол во Чаир
Вчера околу 20 часот на улицата „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот Р.Т. од Скопје.
Околу 19:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Чаир се слуша пукање, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од слобода е лишен Р.Т., кој бил затекнат со пиштолот.

По документирање на случајот, против Р.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава по чл.396 од КЗ.

