Црна хроника
Тетовец нападнал сограѓанин кому претходно му се заканувал и му барал пари
Вчера, околу 19.15 часот, во СВР Тетово повикан е 47-годишниот тетовец Г. И., кој два часа пред тоа бил пријавен од 35-годишната тетовка А. Р. дека околу 13.30 часот на улицата Полог во Тетово физички го нападнал нејзиниот 41-годишен сопруг В. Р., извести СВР Тетово.
„Покрај ова, според пријавеното, Г. И. повеќепати им се заканувал и барал поголема сума пари, кои наводно му ги должеле. Подоцна, во СВР Тетово бил повикан и В. Р.“, соопшти СВР Тетово.
Се расчистува и документира случајот и против Г. И. ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајден хашиш кај Италијанец на паркинг на Средно Водно, одреден му е притвор
Вчера околу 21:00 часот на паркинг простор на Средно Водно од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен 27-годишниот Л.Т. од Република Италија. При извршен преглед кај него е пронајден хашиш.
Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против Л.Т. е поднесена кривична пријава по итна постапка до надлежен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка 30-дневен притвор во КПУ Скопје.
Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана
Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица
Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.

