Црна хроника
Тетовец со гасен пиштол ѝ се заканувал на старица, а потоа ја малтретирал и својата мајка
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 38-годишник од село Нераште под сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба”, „противправно лишување од слобода“ и „загрозување на сигурноста”.
Како што информираат од МВР, на 22 месецов во тетовскотo село Теарце пријавениот од домот на 69-годишната В.Ѓ. одзел гасен пиштол и со него упатил закани по нејзиниот живот, по што ја заклучил во куќата.
Потоа, пријавениот се вратил во својот дом кадеапочнал расправија со неговата 71-годишна мајка. Таа пријавила дека била психички малтретирана од него. По преземени полициски мерки, пријавениот бил уапсен и му бил одзеден пиштолот марка „МД92ФС Блоубек”, а во разговор во полициска станица тој ги признал делата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.