Црна хроника
Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: повредени четири лица, две потешко
Вчера, во полиција било пријавено дека на крстосницата од улицата Македонско-косовска бригада и Втора македонска бригада во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу „даеву матиз“, возило управувано од М. Б. (66) од Скопје, и патничко возило „бмв“, управувано од М. С. (18) од селото Сарај, двете со скопски регистарски ознаки.
„Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот М. Б. и неговата сопатничка К. Б. (64) од Скопје, а телесни повреди добиле М. С. и нејзината сопатничка К. С. (47) од Скопје, констатирани во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ и во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’“, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тинејџерка натепана од партнерот во Чаир
Деветнаесетгодишна девојка пријавила дека пред два дена околу 23.00 часот во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер А.С.(21), кој употребил и тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка
Дваесет и четиригодишна девојка од Крива Паланка била нападната од речиси тројно повозрасна скопјанка, кај којашто престојувала под кирија.
„На 10.05.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје Т.Н.(24) од Крива Паланка пријавила дека околу 12.30 часот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од О.С.(67), кај која престојувала во нејзиниот дом под кирија“, објави МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање
Сопружници биле нападнати вчера во Аеродром од страна на роднинска брачна двојка, а поради нерасчистени имотно-правни односи.
Според информациите во полицијата, честворицата се на возраст од 45 до 51 година.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.