Црна хроника
Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица – Радовиш, тројца повредени

Вчера, во 9.30 часот, во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Радовиш, на делницата помеѓу селата Владевци и Радичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу влекач „волво“ со полуприколка, со струмички регистарски ознаки, управуван од В. Н. (60) од Струмица, и патничко возило „хонда“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од Љ. И. (46) од село Воиславци, Радовишко, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничка од патничкото возило ‘хонда’, Д. И. (42) од с. Воиславци, а телесни повреди добиле двајцата возачи, констатирани во Медицински центар во Струмица“, соопшти МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со тврд предмет ги нападнал сопругата и малолетната ќерка: уапсен скопјанец

Синоќа во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ги претепал двете сестри: кривична за 19-годишник од Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.
Црна хроника
Прегазено седумгодишно дете во Скопје

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.