Црна хроника
Тешко повредена малолетничка од Тетовско, во неа удрил „голф“

Вчера, во 14 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на улицата 173 во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната Ф. И. од тетовско Новаке, удрило во малолетничка од тетовски Пирок, извести СВР Тетово.
„Во несреќата малолетничката добила тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница“, соопшти СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен штипјанец: управувал возило под дејство на алкохол

Утрово во 02.40 часот, полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип го лишиле од слобода Х.П.(71).
При сообраќајна контрола на ул.„Борис Кидрич“ во Штип е сопрено патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсен возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта

Вчера вечер во Штип, полициски службеници го лишија од слобода С.Т.(52) од с.Долни Липовиќ, радовишко.
При сообраќајна контрола на ул.„Маршал Тито“ во Штип е сопрено патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,27 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Прегазено 13-годишно девојче во Скопско, возачот избегал

Тринаесетгодишно девојче вчера било удрено со автомобил во скопско Батинци, а возачот избегал.
Според информациите на МВР, вчера околу 09 часот на сервисна улица која ги поврзува регионален пат Скопје-ХЕЦ Козјак и село Батинци, скопско, патничко возило удрило во малолетничка од село Црн Врв, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 13-годишната малолетничка, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.