Црна хроника
Тешко повреден малолетник од Скопје при судир на „киа“ и трицикл
 
																								
												
												
											Вчера, во 11.50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Црниче во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот Т. Т. од Скопје, и трицикл „томос“, со вградена приколка, управуван од малолетник од Скопје, извести МВР.
Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, велат од МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Црна хроника
Несреќа на патот Охрид – Кичево: автомобил удри во 10-годишно дете, со тешки повреди пренесено во болница
 
														Десетгодишно девојче од Кичево со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на патот Охрид-Кичево.
„На 30.10.2025 во 07:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.С.(60) од с.Другово, кичевско, удрило во 10-годишна малолетничка од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Кичево“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
Црна хроника
Обиена филијала на Бит Пазар, украден сеф со пари
 
														Во полицијата било пријавено дека во текот на ноќта меѓу 29 и 30 октомври непознат сторител со употреба на физичка сила и алат влегол во филијала на фирма на подрачјето на Бит Пазар и одзел сеф со пари.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Младo момче ограбено во Градскиот парк
 
														Во СВР Скопје 23-годишниот М.Ц. од Радовиш, со престој во Скопје, пријавил дека на 30 октомври околу 14:40 часот бил физички нападнат од две лица во Градскиот парк, кои му го одзеле мобилниот телефон.
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, се преземаат мерки за расчистување на случајот.


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											