Црна хроника
Тешко повреден тракторист во Кумановско

Tрактор управуван од 49-годишно лице се превртел, a возачот се здобил со тешки телесни повреди.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила на место викано Долно маало во близина на селото Тромеѓа, Кумановско, на земјен пат.
Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар Куманово. По укажаната лекарска помош, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“- Скопје. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Битолчанец и Британец жртви во сообраќајка на патот Битола – Прилеп, повреден е Индиец

На магистралниот пат Битола – Прилеп, денеска во 11.55 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И.(37) од Битола, и товарно возило „ивеко” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(29) од селото Обршани, Општина Кривогаштани.
Од СВР-Битола соопштија дека во несреќата, на местото на настанот почина возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С.(42) од Велика Британија, а смртта ја констатираше доктор од Итна медицинска помош Битола.
Сопатникот во патничкото возило М.К.Д.Ј. од Индија е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на помош.
Увид во присуство на јавен обвинител врши увидната екипа на СВР Битола.
Црна хроника
Се запали „рено меган“, пожарот зафати и седум други возила во Кисела Вода

Денеска (10.03.2025) во 01.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје настанал пожар во патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Р.(23) од Скопје.
Во пожарот делумно биле зафатени и други седум патнички возила: „сузуки“ сопственост на Х.С., „опел“ сопственост на правен субјект , „шевролет“ сопственост на Т.А., „шевролет“ сопственост на А.Ш., „фиат“ сопственост на правен субјект, „шкода“ сопственост на Ј.Ј. и „хјундаи“ сопственост на П.Ш., сите со скопски регистарски ознаки.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен.
Црна хроника
Не им дозволувал на сопругата и двете малолетни деца да излезат од дома

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А.(38) од гостиварско село поради постоење основи за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.
Имено на 23.01.2025, пријавениот не им дозволувал на неговата сопруга со нивните две малолетни деца да излезат од семејниот дом.