Црна хроника
Тешко повреден турски државјанин во Скопје, во него удрил „фолксваген голф“

Вчера попладне, во 12.45 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Втора македонска бригада во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Р. Х. од село Страчинци, Скопско, удрило во пешакот, 44-годишниот Т. Ц. од Република Турција, со престој во Скопје, извести МВР.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот констатирани во приватна болница, додаваат од Министерството.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кај Бит Пазар починало машко лице, телото е дадено на обдукција

Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Крсте Мисирков“ на подрачјето на Бит Пазар во Скопје починало едно машко лице, кое немало лични документи за идентификација.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
10-годишно девојче со тешки повреди донесено во болница во Прилеп: со возило ја прегазил нејзиниот 7-годишен брат

Вчера во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 10-годишна малолетничка од село Алданци, крушевско.
Според пријавеното, во дворот од семејната куќа, нејзиниот седумгодишен брат случајно го стартувал возилото „форд галакси“, со клучот кој бил на бравата, и ја прегазил на ногата. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: незаконски вработил вкупно 127 лица

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353 став 4, во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Пријавениот – како директор на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Куманово, во периодот од 2020 до 2024 година склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата без претходно да добие одобрение од Министерство за здравство, а потоа и без да обезбеди согласност од Министерството за финансии незаконски вработил вкупно 127 лица, со што постапил спротивно на Закон за работни односи и спротивно на Закон за трансформација во редовен работен однос. констатирано од Државен инспекторат за труд.
На тие лица, пријавениот незаконски им исплатил плати во вкупен износ од 21.594.510 денари и за таа сума го оштетил буџетот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Куманово.