Црна хроника
Тинејџер силувал малолетничка

Деветнаесетгодишно момче од селото Крупшек, Скопско е приведено за обљуба врз малолетничка од тетовско село.
„На 21.03.2023 во 18.45 часот во с.Радуша, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го лишиле од слобода М.И.(19) од с.Крушопек, скопско, затоа што извршил обљуба врз малолетничка од тетовско село. Тој бил задржан во полициска станица“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Охриѓанка загина во сообраќајката на автопатот кај Тетово, има и повредени

Охриѓанка на возраст од 81 година го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на автопатот Тетово-Гостивар.
Според информациите од СВР Тетово, во несреќата две лица се здобиле со тешки повреди.
До сообраќајката дошло кога се судриле две возила од кои едното „пежо“ управувано од 47-годишен охриѓанец, а зад воланот на вториот автомобил – „мерцедес“ со словенечки национални ознаки – седел 19-годишник од Гостивар.
Жената која била сопатничка во „пежото“ загинала на лице место, а тешко повредените се возачот од истото возило, како и уште еден сопатник – сите од Охрид.
АМСМ претходно соопшти дека сообраќајот е затворен.
Црна хроника
24-годишен кумановец почина на Клиника

Млад кумановец почина на скопските клиники.
– На 03.03.2025 во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ починал Т.К.(24) од Куманово. Според пријавеното, тој бил хоспитализиран на 24.02.2025 поради влошена здравствена состојба.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Две жени измамени за повеќе од 5.000 евра, им јавиле дека наводно ќерките прегазиле деца

Две жени, на возраст од 74 и 83 години од Скопје дале по повеќе од 5.000 евра за нивните ќерки да не одат затвор, откако наводно прегазиле деца мигранти.
Во понеделникот, во 13 часот во СВР Скопје, 74-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 307.500 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден, во 17.30 часот во СВР Скопје, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 457.320 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како поранешен полициски службеник, по што ѝ кажало дека нејзината ќерка била тешко повредена во сообраќајна несреќа која претходно ја предизвикала и во која прегазила дете мигрант, а доколку не сака таа да оди во затвор треба да даде пари. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.