Црна хроника
Тинејџер со автомобил излетал од патот и се забил во дрвја кај Трубарево
Седумнаесетгодишно момче со автомобил излетало од патот и се забило во дрвја на локалниот пат од Илинден кон Трубарево. Во автомобилот имало уште две лица на возраст од 17 и 19 години. Сите тројца се здобиле со тешки повреди.
Според информациите на МВР, утрово во 5 часот автомобил „сеат кордоба“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј. (17) од село Трубарево, Скопско, излеталo од коловозот и удрилo во дрвја. Возачот и сопатниците Б.Д.(17) и К.Т. (19), двајцата од Скопје, со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентниот центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“. На сите им биле констатирани тешки телесни повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.