Црна хроника
Три малолетнички повредени во сообраќаjна несреќа во Скопје
Во СВР Скопје вчера во попладневните часови била пријавена сообраќајна незгода на крстосницата од булеварот Босна и Херцеговина и сервисна улица.
Како што информираат од МВР, во инцидентот учествувале возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. Т. (19) од Скопје, и два автомобила „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувани од Ј. Д. (29) и Ф. С. (56) од Скопје, по што удриле во тројца пешаци.
Во несреќата тешки телесни добилa малолетничка пешак, а повреди добиле уште две малолетнички пешаци, како и возачите Ј. Д. и Д. Т., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“, во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември“.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.