Црна хроника
Тројца албански државјани осомничени за трговија со дрога во Гостивар
Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица, албански државјани, поради трговија со дрога.
Тројцата, од почетокот на месецов, набавиле наркотична дрога марихуана, од која дел им била наменета за лична употреба, а дел за препродажба на други лица на подрачјето на Гостивар и околните села.
„При претрес во собата во која престојувале осомничените на 13 февруари, полициските службеници пронашле околу 227 грама марихуана во повеќе најлонски пакувања, дигитала вага и дробилка. Извршената проверка покажала дека лицата на возраст од 28, 20 и и 34 години не оствариле легален влез преку граничен премин на територијата на државава“, информираат од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување краткотраен притвор за тројцата осомничени. Судот го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор од 48 часа.
По комплетирање на предметот со резултатите од наредените вештачења, Основното јавно обвинителство Гостивар ќе достави до Судот нов предлог за определување мерки за обезбедување на осомничените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.