Црна хроника
Тројца повредени во сообраќајка кај браната Калиманци, со возило излетале од патот
Вчера во 05.10 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека кај брана Калиманци патничко возило „фиат браво“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот В.С. од село Косевица, општина Македонска Каменица, излетало од коловозот, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Македонска Каменица, констатирани во Медицинскиот центар Штип, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник А.С.(19) од с.Луковица, општина Македонска Каменица, констатирани во Општата болница Кочани, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Насилство во Карпош: приведени две лица поради тепачка, а се заканувале и со остар предмет
Вчера попладне во скопски Карпош, полицијата ги приведе М.П.(52) и С.О.(43), двајцата од Скопје.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која М.П. се заканувал и со остар предмет“, објави МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Брат ја нападнал сестра си во Скопје
Шеесет и деветгодишна жена пријавила дека синоќа на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот брат Ѓ.З.(67) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
Црна хроника
Скопјанец нападнат во кафуле на Бит Пазар, искршен и инвентарот
Синоќа дошло до инцидент во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар.
Според информациите од МВР, 56-годишен скопјанец бил нападнат од две лица – Ј.О. и М.Н., кои потоа заедно со уште две други, пред објектот оштетиле и инвентар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.