Црна хроника
Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Скопје
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа во Скопје. Како што информира МВР, вчера во 11:40 часот, на крстосницата од улицата Јадранска магистрала и локален пат за селото Никиштани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(21) од Скопје и патничко возило „шевролет лачети“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.О.(20) од с.Никиштани.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Х.(20), сопатничка од возилото „голф“ и била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Со телесни повреди се здобиле А.О. и сопатничка од истото возило О.Х.(45) и биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника
Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда.
Настанот бил пријавен на 29 декември 2025 година во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од страна на Ургентниот центар во Гостивар, каде што малолетникот бил донесен со повреди.
По излегувањето на полициски службеници на терен, било утврдено дека станува збор за осумгодишно дете кое се повредило кога петарда експлодирала во неговата рака. По укажаната медицинска помош во Гостивар, поради сериозноста на повредите, детето било пренесено на понатамошно лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Со нож му го зеле велосипедот на дете во центарот на Скопје
Вчера попладнето малолетно момче било ограбено во Центар, кога две лица му се заканиле со остар предмет и му го одзеле велосипедот.
Според пријавата, напаѓачите му пристапиле на детето на улица, му се заканиле и побегнале со велосипедот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со комбе полно со теписи фатен кај Дебрца – MВР поднесе кривична за скопјанец
52-годишен скопјанец заработи кривична пријава откако полицијата го затекна како нелегално превезува поголема количина теписи и стази во близина на селото Подмољје, општина Дебрца.
Контролата била извршена на 15 декември, кога полициски службеници го запреле товарното возило „форд транзит“ со скопски таблички. При проверката било утврдено дека станува збор за стока поврзана со криумчарење и царинска измама, по што возачот бил лишен од слобода.
Запленетите теписи и стази се предадени на Државниот пазарен инспекторат во Охрид, а против скопјанецот е поднесена кривична пријава.

