Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња

Вчеравечер, во 19.50 часот, во Полициската станица Кисела Вода, 39-годишниот А. К. од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син на трим-патеката во населбата 11 Октомври бил каснат од куче скитник, извести МВР.
Истиот ден, во 11 часот, во Полициската станица Гази Баба, 50-годишната А. З. од Скопје пријавила дека на улицата Трифун Хаџи Јанев била касната од куче скитник.
Во 1 часот по полноќ, во Полициската станица Аеродром, 28-годишниот К. Ц. од Скопје пријавил дека на булеварот Јане Сандански бил каснат од куче скитник, додаваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
МВР: Над 100 лица уапсени во септември поради поседување наркотични средства, запленета поголема количина дрога

Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање на недозволената трговија со дрога, полициски службеници од различни полициски организациони единици во текот на месец септември, во повеќе различни случаи лишиле од слобода над 100 лица, меѓу кои и неколку малолетници, кај коишто при извршени лични прегледи и прегледи на возила, биле откриени и запленети поголема количина на марихуана, бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафена прашкаста материја, МДМА таблети, амфетамин, хероин, дробилки.
Исто така, врз основа на извршени претреси во текот на изминатиот месец, покрај откривањето и заплената на одредени количини марихуана, кокаин, хашиш, амфетамин и дробилки, во околу десеттина различни случаи од слобода биле лишени и поднесени кривични пријави против повеќе од 15 лица како осомничени за сторено кривично дело по член 215 од КЗ на РСМ.
Воедно на Граничниот премин „Табановце“ во месец септември при влез во земјава, во неколку одвоени случаи, кај српски, унгарски, австриски и белгиски државјани, исто така беа откриени кокаин, амфетамин и марихуана.
Исто така во текот на септември на регионалниот пат Битола-Прилеп полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од Бирото за јавна безбедност при МВР, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, спречија транспорт на околу 35 килограми марихуана, соопшти МВР.
Црна хроника
52-годишна скопјанка нападната од поранешниот сопруг, кој имал забрана за приближување

Синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од скопско пријавила дека околу 18:20 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.П.(58).
За него Основниот кривичен суд Скопје имал донесено пресуда и издадено решение за забрана за приближување.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ја тепал и ја заклучувал вонбрачната сопруга во домот: уапсен тетовец

Вчера во 13:16 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Р.(41) од тетовско.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 38-годишна вонбрачна сопруга, дека на 25.09.2025 во семејниот дом физички ја нападнал и ја заклучувал во домот.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава, соопшти МВР.