Црна хроника
Уапсена 36-годишна прилепчанка: била затекната при кражба во куќа

Денеска во 05.15 часот на улицата „Јоска Јорданоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода 36-годишната Е.У. од Прилеп.
Таа била затекната при вршење на кражба во куќа.
По документирање на настанот, против неа ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во Вардар пронајдена неексплодирана граната

На 12 септември попладне, помеѓу селата Рашче и Радуша, во водите на реката Вардар била забележана неексплодирана граната.
Полицијата веднаш реагирала и го обезбедила местото. Веќе следниот ден, на 13 септември, стручни екипи од Дирекцијата за заштита и спасување ја извадиле гранатата. Констатирано било дека станува збор за неексплодирана рачна противтенковска граната – РПГ.
Случајот е целосно документиран, а опасноста навреме отстранета.
Црна хроника
Тетовец (84) загина на нива, врз него паднало дрвото кое го сечел

Тетовското село Подбреѓе стана место на трагедија. Во саботата напладне, жителите на околината забележале нешто необично во една нива – таму било пронајдено безживотно тело на 84-годишниот М.С. од Тетово.
Лекарите од Итната медицинска помош само можеле да констатираат смрт. Истрагата открила дека несреќата се случила додека старецот сечел дрва во својата нива. Едно од нив паднало врз него и му нанело тешки повреди од кои починал на самото место.
Полицијата веднаш извршила увид, а присуствувале и јавен обвинител и судска медицина за целосно документирање на случајот.
Црна хроника
Ноќен хорор во Штип: Млада девојка насилно внесена во возило, нападната и снимана со телефон

Саботната вечер во Штип завршила насилно за 21-годишна девојка. Околу 22 часот, додека се движела низ градот, таа била пресретната од две жени. Едната, 28-годишна жителка на Кочани, со употреба на сила ја внела девојката во автомобилот што го управувала другата.
Ноќта продолжила во мрачна насока – одвезена во една од штипските населби, девојката била физички нападната. Додека траел нападот, осомничената не се задоволила само со насилството – таа ја снимала жртвата со својот мобилен телефон, информира полицијата.
Утрината по инцидентот, полицијата од Кочани ја привела 28-годишната кочанчанка. Случајот е документиран и расчистен, а против неа ќе биде поднесена кривична пријава.