Црна хроника
Уапсен државјанин на Грција, во неговото возило се пронајдени цигари и тутун без документација
Денеска во 00.10 часот на паркинг во меѓупросторот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(55) од Република Грција. Тој бил затекнат како во патничко возило „ауди а6“ со германски национални ознаки става поголема количина цигари.
При контрола на возилото било констатирано дека регистарските таблички биле одјавени и припаѓале на друго возило, додека во возилото биле пронајдени 276 штеки различни видови цигари и 20 пакувања тутун без документација. Инаку, во претходниот период, во содејство со Царинската управа се преземени оперативни мерки и е констатирано дека возилото се користи за криумчарење на акцизна стока.
Известен е јавен обвинител, возилото и цигарите се одземени, а лицето е спроведено во Полициската станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 378 – „фалсификување исправа“ и по член 278 – „криумчарење“ од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

