Црна хроника
Уапсен и во затвор вратен 22-годишен штипјанец

Рано утрово околу 5 часот, полицајци од Штип, постапувајќи по судска наредба, го уапсиле 22-годишниот штипјанец И. Д.
Како што информираат од МВР, тој веднаш бил спроведен во затворот во Струмица за доиздржување на затворската казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница

Вчера во 16.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Е.Б.(36) од гостиварско Здуње, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Топ
Обвинителството предложи одземање на пасошот за двајцата возачи поради сообраќајката на автопатот Гостивар-Тетово во која загина жена

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и предложи мерки на претпазливост за двајцата возачи по вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар-Тетовo.
Од Обвинителството информираа дека според првичните сознанија едниот 19-годишник од Врапчиште со македонско и словенечко државјанство управувал со автомобилот „мерцедес“ со брзина поголема од дозволената, а вториот 47-годишник од Охрид претекнувал без претходно да се увери дека може да го стори тоа без да ги загрози останатите учесници во сообраќајот.
Во сообраќајната несреќа меѓу двата автомобили кои се движеле еден по друг во правец кон Гостивар, животот го загуби сопатничка од охридскиот автомобил, а останатите четири лица-учесници се здобиле со повреди.
„Согласно тоа за двајцата осомничени постои основано сомнение дека би можеле да бидат сторители на – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик“, велат од Обвинителството.
Јавниот обвинител предложи на двајцата привремено да им биде одземена патната исправа, да им биде изречена забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште и да им биде одредена обврска повремено да се јавуваат кај надлежен орган додека трае постапката.
Црна хроника
Гостиварец измамен за 4.100 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против М.И.(58) од с.Лакавица, гостиварско, поради измама.
„Во јуни и јули 2024 во негов продажен објект во Гостивар, пријавениот довел во заблуда едно лице од кичевско дека до средината на септември ќе му набави и достави стока за што му зел 4.100 евра“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Човекот останал без стоката и без парите.