Црна хроника
Уапсен крадец во Гази Баба: влегол во канцеларијата на градоначалникот, на ПМФ и на Шумарскиот факултет

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил неколку тешки кражби и една тешка кражба која останала во обид.
„Од август 2024 до април годинава осомничениот 48-годишник продолжено во повеќе наврати вршел кражби во канцеларии на општина Гази Баба. Најпрво на почетокот на август 2024 насилно откорнал метална решетка на прозорец и од кацеларија на службеникот за внатрешна ревизија одзел лаптоп компјутер вреден 18.000 денари. Потоа, неколку дена подоцна, насилно отворил друг прозорец и од канцеларијата на градоначалникот одзел уште три лаптопи во вкупна вредност од 74.000 денари. Во април годинава, повторно насилно влегол во една од бараките, пребарувал и одзел лаптоп, бормашина и други предмети, вредни вкупно 41.100 денари“, соопшти Обвинителството.
На 19 април 2025 осомничениот насилно ја отворил влезната врата на Миколошката лабораторија на Природно-математичкиот факултет и украл шест лаптоп компјутери и 500 денари, односно вкупната вредност на одземените предмети е 208.576 денари.
Два дена подоцна осомничениот насилно влегол и на Шумарскиот факултет, пребарувал во два кабинети и во читалната, но од непознати причини се откажал од намерата и без да земе ништо го напуштил местото на настанот.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Вработени во „Комуналец“ фрлале отпад на дива депонија во Кичево

Вработени во ЈП „Комуналец“ фрлале отпад на дива депонија во Кичево. Случајот го пријавиле граѓани.
Полициски службеници, постапувајќи по пријава од граѓани во врска со работата на дивата депонија во кругот на поранешниот Керамички комбинат „Вранешница“ во Кичево, на разговор повикаа девет лицата вработени од ЈП „Комуналец“ од Кичево.
Истите биле затекнати како одлагаат отпад во дивата депонија, а на разговор дополнително бил повикан и директорот на ЈП„Комуналец“ а во врска со сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“.
Известен е надлежен обвинител по чии што насоки се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.
Црна хроника
Малолетници со нож избоделе маж, со тешки повреди пренесен во болница

На 06.06.2025 година во 01.00 часот Р.К. (55) од село Студеничани, скопско, пријавил дека претходниот ден околу 20.00 часот во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица.
На нападот му претходела вербална закана по неговиот живот по што едниот малолетник извадил нож се затрчал кон пријавителот и го нападнал со ножот.
Од страна на доктор при ГОБ „Свети Наум Охридски“ кај Р.К. се констатирани тешки телесни повреди – убодни рани и истиот бил задржан на понатамоишно лекување.
Црна хроника
Разбојник со остар предмет нападнал малолетник во Аеродром

Разбојник нападнал малолетник на автобуска постојка во Аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во СВР Скопје, И.П.(46) од село Љубин, скопско, пријавил дека околу 09.45 часот во близина на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, непознато лице го нападнал неговиот малолетен син и со употреба на физичка сила му побарало пари и личен накит, а потоа го нападнал со остар предмет, по што откако не зел ништо избегал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.