Црна хроника
Уапсен крадец од Струмичко, при приведувањето со пушка им се заканувал на полицајците
Уапсен е крадец од струмичко кој при приведувањето со пушка им се заканувал на полициските службеници.
Според информациите на МВР, вчера е уапсен Г.П.(28) од с. Ангелци, струмичко. Имено, истиот ден во 15.00 часот Т.Р.(22) од с. Долно Српци во СВР Битола пријавил дека во с. Долно Српци тој и неговите другари забележале непознато лице со патничко моторно возило „форд” без регистарски ознаки, за кој се сомневале дека е можен извршител на кражби.
Потоа лицето излегло од возилото, извадило пушка од багажникот и пукало кон пријавителот и другарите, но не ги погодил. Од страна на полициски службеници од СВР Битола, веднаш по добиената пријава биле преземани мерки и активности за пронаоѓање на лицето, при што во нива во с. Долно Српци е пронајдено возилото, а во нива во с. Вашарејца, општина Могила, е пронајден и сторителот за кој е утврдено дека е Г.П..
Полициските службеници му издале наредба да ја фрли пушката, но тој не постапил по наредбата туку ја вперил пушката наизменично кон двајца полициски службеници, по што тие предупредувачки истрелале неколку куршуми во воздух.
При преземањето мерки за совладување на Г.П., тој се обидел да му го одземе службениот пиштол на едниот полициски службеник, но не успеал во намерата, по што се обидел со пушката да пука кон полицискиот службеник. На тоа возвратил полицискиот службеник и истрелал два куршуми кон Г.П., при што му нанел лесна телесна повреда.
Со возило на Итна медицинска помош Битола, Г.П. бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување помош, а потоа е приведен во Полициската станица Битола и по насока на јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

