Црна хроника
Уапсен малолетник од Косово, ѝ се заканувал на 18-годишна тетовка дека ќе објави експлицитни фотографии

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера, околу 20.30 часот, во тетовско Јажинце, во близина на граничниот премин, лишиле од слобода малолетник од Република Косово, извести СВР Тетово.
„Во 19 часот тој бил пријавен од 18-годишна жителка на тетовско село дека ги злоупотребил нејзините лични податоци и дека ѝ се заканувал оти на социјалните мрежи ќе објави нејзини експлицитни фотографии и податоци ако не му плати одредена сума пари“, соопшти СВР Тетово.
По целосно документирање на случајот, на малолетникот од Косово ќе му бидат изготвени поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Судир меѓу три возила во Тетово: едно лице со тешки повреди пренесено во болница

Вчера во 14:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(53) од Тетово, патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(46) од Тетово и патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(36) од с.Непроштено, општина Теарце.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Б., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Топ
Жени се истепаа во автобус на ЈСП, во друг инцидент, скопјанец нападнат од четири лица

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 46-годишната К.Т. од Куманово и 47-годишната Б.С. од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Исто така, вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, А.Г.(41) од Скопје пријави дека околу 13:30 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Изгоре „пежо“ во Гази Баба, нема повредени

Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 13:30 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар на патничко возило „пежо“, сопственост на 37-годишниот К.М. од село Бучинци, скопско.
Пожарот е изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Извршен е увид.