Црна хроника
Уапсен 19-годишен тетовец, ѝ се заканувал на малолетничка за да биде во љубовна врска со него

Вчера, околу 14.05 часот, на улицата 146 во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 19-годишниот тетовец М. Р., кој претходно бил пријавен од малолетничка од тетовско село дека преку социјалните мрежи ѝ се заканувал за да биде во љубовна врска со него, извести СВР Тетово.
Тој е задржан за целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж од Кумановско загина во сообраќајка меѓу товарно и патничко возило

Вчера околу 12.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, кај место викано ,,Ливади“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од О.П.(48) од Крива Паланка и патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(70) од с.Руѓинце, општина Старо Нагоричане.
Од здобиените повреди на местото починал возачот Б.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово, соопшти полицијата.
Црна хроника
Возач во Гостивар усмрти 18-годишен мотоциклист

Полицијата уапси гостиварец кој со автомобил предизвика несреќа и усмрти млад мотоциклист.
Според информациите од МВР, ноќеска во 01.40 часот било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул.„Илинденска“ во Гостивар, помеѓу патничко возило „бе-ем-ве“ со швајцарски национални ознаки, управувано од И.М.(38) од с.Балиндол, гостиварско и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(18) од Гостивар.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Возачот И.М. бил лишен од слобода, а по наредба на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа на ОВР Гостивар и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кочани, пронајдени пиштол и марихуана, приведено едно лице

Полицијата во Кочани го приведе 36-годишниот К.И.. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „црвена Застава“ калибар 7,65 мм, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше МВР.