Црна хроника
Уапсен 21-годишник од Гевгелија, бил баран со две централни потерници
Вчеравечер, во 22 часот, на автопатот А1, кај местото наречено Остово, Велешко, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ го лишиле од слобода 21-годишниот Х. Ѓ. од Гевгелија, извести МВР.
„Тој бил баран со две централни потерници врз основа на наредби од Воспитно-поправниот дом од Тетово поради бегство и од ОЈО ГООК Скопје за издржување мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело шверцување мигранти“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

