Црна хроника
Украдени 4 пушки, муниција, пари и накит од куќа во Свети Николе

Полицијата поднесе кривична пријава против М.М.(24) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.
„На 15 априлво Свети Николе, на улицата Карпошева, во куќа сопственост на Д.С., пријавениот влегол со употреба на сила и одзел пушка марка „застава“ М98, пушка марка „винчестер“, пушка марка „бенели“, пушка марка „баикал“, пиштол Ц3, околу 50 парчиња различен вид на муниција, две црни торби, пари, накит, вредни предмети и спортска опрема“, информираат од полицијата.
Со тоа, крадецот се стекнал со противправна имотна корист во вредност од 1.636.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.