Црна хроника
Фатен разбојник кој ограбил аптека во Скопје
Секторот за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против 39-годишниот скопјанец М.Ч. поради разбојништво во аптека во Скопје, од каде одзел околу 25.000 денари.
Според полицијата, кражбата се случила на 26-ти март околу 18,55 часот, во аптека лоцирана на булеварот „Кочо Рацин“. Разбојникот влегол во објектот и со закана со нож кон вработената и ги побарал парите. Таа се спротиставила, меѓутоа М.Ч. ја истуркал од работниот пулт, ја отворил фиоката каде што стоеле парите од дневниот промет и ги одзел парите. Потоа трчајќи излегол од аптеката во правец кон автобуската постојка наспроти Градска општа болница Св.Наум Охридски, каде што се качил во такси возило.
По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници тој е приведено во полициска станица, каде е извршен разговор во кој пријавениот во целост го признал и опишал начинот на извршување на кривичното дело, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.