Црна хроника
Финансиската полиција поднесе пријава против три лица од тетовскиот универзитет за злоупотреби
Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство Тетово против неколкумина вработени во Центарот за информатички технологии при државниот универзитет во Тетово поради несовесно работење. Како што информира финасиската полиција, тие платиле за интегриран информациски систем, кој воопшто не бил ставен во функција, со што предизвикале штета на буџетот на ДУТ во вкупен износ од 5.009.188 денари.
„Кривични пријави се поднесени против Р.Ф. во својство на раководител на Центар за информатички технологии при Државниот универзитет во Тетово, М.В. во својство на советник за информатички и компјутерски технлогии при ДУТ и Ѓ.А. – соработник за информатички и компјутерски технологии при ДУТ, поради постоење основано сомнение за несовесно работење во службата од член 353-в од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението. Во него се додава дека тројцата несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности, на начин што второпријавениот М.В. и третопријавената Ѓ.А. на 22.12.2016 година, а по претходно добиена наредба од првопријавениот Р.Ф., потпишале и потврдиле прием, имплемантација и овозможиле плаќање на интегриран информациски систем, кој потоа воопшто не бил ставен во функција, со што предизвикале штета на буџетот на ДУТ во вкупен износ од 5.009.188 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.