Црна хроника
(Фото) Двајца малолетници со чамец неконтролирано се оддалечија од брегот на Охридското Езеро, полицијата ги најде
Денеска, во 9.35 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, од веслачкиот клуб „Црн Дрим“ од Струга, било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, на два километра од брегот, наспроти Женската плажа, неконтролирано се оддалечува чамец за веслање со двајца малолетници во правец на државната граница со Република Албанија, извести МВР.

„Според пријавеното, членови на веслачкиот клуб се доближиле до чамецот, но поради силниот ветер, не можеле да го извлечат на брегот. По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор ‘Охридско Езеро’, Полициската станица за граничен надзор ‘Франгово’ и членови на веслачкиот клуб го пронашле чамецот на еден километар наспроти хотелот ‘Изгрев’ во Струга по што со службен пловен објект чамецот со малолетниците, кои се во добра здравствена состојба, безбедно се пренесени до брегот на езерото“, соопшти МВР.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството
Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар помеѓу два автомобили што се движеле во иста насока. Од ударот две лица го загубиле животот, меѓу кои и возачот на едното возило, додека петмина се здобиле со повреди и биле пренесени во болниците во Прилеп и Кавадарци.
Јавниот обвинител издал наредби за прибирање на траги од местото на настанот, како и за сообраќајно и машинско вештачење на двата автомобили со цел утврдување на причините за несреќата. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испитува евентуално присуство на алкохол или други супстанции.
Надлежните институции продолжуваат со активности за целосно расветлување на околностите под кои се случила трагедијата.
Црна хроника
Двајца турски државјани уапсени на скопскиот аеродром со фалсификувани визи
Денеска околу 10 часот на скопскиот аеродром, полицијата ги приведе Г.М. и К.М., двајцата државјани на Република Турција.
При излез од државата, при извршена гранична контрола, било утврдено дека визите за Обединетото Кралство што ги приложиле биле фалсификувани.
Двајцата се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени
Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Во незгодата повредени се пет лица, од кои три се пренесени во болницата во Прилеп, а две во болницата во Кавадарци. Лекар констатирал смрт кај две лица, соопшти МВР.
Од 18 часот сообраќајот на овој потег се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.
Полицијата врши увид, по чие завршување јавноста ќе биде дополнително информирана за деталите од несреќата.

