Црна хроника
Четири лица годинава загинале во сообраќајни несреќи со трактор
Денеска во Кичево и околината, РСБСП и МВР реализираа превентивни активности за едукација на возачите на трактори и земјоделски машини и за дополнително обележување на овие возила заради нивна поголема видливост и безбедно учество во сообраќајот.
Во период кога по сообраќајниците се движат поголем број на трактори и земјоделски машини РСБСП и МВР спроведуваат кампања под мотото „Безбедно возење на трактори и земјоделски машини“. Целта на кампањата е подигање на свеста за одговорно и рамноправно учество во сообраќајот на возачите на трактори и земјоделски машини.
Претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска апелира на внимателност.
„Обрнете внимание на тракторите и земјоделските машини – и тие рамноправно учествуваат во сообраќајот, а возачите кои управуваат со трактор да возат технички исправни и означени трактори за да бидат видливи во сообраќајот. Безбедноста на прво место“, рече Кожуваровска.
Помошникот министер за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски соопшти дека во првите девет месеци од годината четири лица загинале во сообраќајни несреќи со трактори, од нив двајца се возачи на трактори, а двајца сопатници.
„Истите бројки ги имавме и во првите девет месеци од 2021 година, а се повторуваат и годинава. Тракторите не можат да се движат кој знае колку брзо, но проблем е неисправноста на машините и возачките грешки. Затоа упатуваме апел за максимална внимателност при управување на трактори, затоа што грешките можат да бидат фатални“, рече Ангеловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

