Црна хроника
Штипјанец принудувал младо момче да се задолжува во друштва за брзи кредити за да му даде 4.500 евра

Уапсен е 28-годишен штипјанец поради сомнеж дека во период девет месеци му се заканувал и присилувал 21-годишник да се задолжува на повеќе места.
Жртвата која истотака е од Штип, била оштетена за сума од 275.000 денари, околу 4.500 евра.
Според информацијата од МВР, во периодот од октомври 2024 до вчера, Ф.Ј. се заканувал на лицето и го присилувал да аплицира во неколку финансиски друштва за брзи кредити, да се задолжува кај трети лица, го принудил да го продаде својот мобилен телефон, а исто така, го принудил да одземе пари и од неговиот татко.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар во куќа во изградба во Скопје: нема повредени

Вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Хо Ши Мин“ настанал пожар во куќа во изградба, сопственост на 55-годишниот М.Ц. од Скопје.
Од пожарот била опожарена фасада од куќата, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.
Повредени лица нема. Бил извршен увид.
Црна хроника
Скопјанец се повредил додека работел во приватна фирма во Визбегово: пренесен е во болница

Вчера околу 09:45 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 57-годишниот И.М. од Скопје.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во приватна фирма во село Визбегово, скопско.
Известен бил трудов инспектор, а полициски службеници излегле на местото на настанот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопски Аеродром: 44-годишник ги истепал сопругата и нејзиниот малолетен син

Денеска во 04:30 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријавила дека на 11.08.2025 околу 23:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг П.Н.(44).
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.