Црна хроника
Џепчија оперирал по градските автобуси – од четворица скопјани украл 47 илјади денари и телефон
Четири кражби извршени од 43-годишен скопјанец расчистија одделенијата за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров.
Кражбите скопјанецот ги извршил во автобуси на градскиот превоз и месарница на Зелено пазарче во периодот од 31 јануари до 1 февруари годинава.
Како што информираат од МВР, првата кражба била извршена во автобус на ЈСП, број 22, кога рабојникот од патничка во автобусот украл паричник во кој имало 7 000 денари и документи.
Второто дело 43-годишникот го извршил во месарница на Зелено пазарче кога од оштетениот бил одземен паричник во кој имало околу 40 000 денари.
Третиот случај бил при качување во приватен автобус, број 22, кога на патник му одзел мобилен телефон, а четвртата кражба ја извршил исто така при качување во автобус, број 7, при што одзел паричник со документи и банкарски картички.
По целосно документирање на настаните, против скопјанецот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.