Црна хроника
157 санкционирани возачи во Скопје, 21 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (1.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, четири мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци, три мерки за нерегистрирани возила, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Сообраќајна несреќа во Прилеп, тешко повреден 16-годишник

Вчера во 15.37 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на крстосницата од улицата „Јане Сандански“ со улицата „Стеван Димоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Прилеп и патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната С.М. од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската болница Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Рачна бомба од германско производство од Втората светска војна пронајдена во село Дихово

Вчера во 15.15 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на село Дихово, битолско, била пронајдена граната.
Од пиротеничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за рачна бомба од германско производство од Втората светска војна.
Црна хроника
25-годишник од Битола со возило излетал од патот, со тешки повреди се здобил сопатникот

Вчера во 18.05 часот во СВР Битола е пријавено дека на магистрален пат Битола – Прилеп, во близина на надвозникот со село Долно Српци, општина Могила, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Д.К. од Битола, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.К.(61) од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.