Црна хроника
179 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 44 мерки за прекршоци што ги прават возачи на моторцикли, 16 мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се 16 мерки за возач почетник, 10 мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Засилените акциски контроли продолжуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ученик со лисици врзал соучесник во Велес и му вперил пластичен пиштол

Во СВР Велес, од Основното општинско училиште во Велес денеска во 10 часот било пријавено дека малолетен ученик во училиштето врзал со лисици негов соученик и му вперил пластичен пиштол.
Од малолетникот бил одземен пиштолот и бил предаден на полициски службеници.
За настанот бил известен јавен обвинител, Центарот за социјални работи Велес и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат попладнево од СВР Велес.
Црна хроника
МВР со детали за сообраќајната несреќа кај „Дајмонд“: 27-годишната скопјанка со повреди пренесена во болница

Вчера во 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин и сервисна улица која води од булеварот кон катна гаража „23 Јули“ во Скопје, патничко возило „сеат алхамбра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(21) од село Никуштак, општина Липково, удрило во пешакот Т.С.(27) од Скопје.
Во незгодата со телесни повреди се здобила Т.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Возило удри во велосипедист и побегна

Вчера околу 14.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“, удрило во велосипед, управуван од А.А.(55) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во незгодата со телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.