Црна хроника
184 санкционирани возачи во Скопје, 55 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (4.9.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на Град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 23 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 24 мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Засилените акциски контроли продолжуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.
Црна хроника
На државно земјиште поставил метална ограда во должина од 74 метри
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Могорче за узурпација на недвижности.
– Кривична пријава е поднесена против А.А.(20) од дебарското село Могорче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид,
Според него А.А. на државно земјиште во атарот на селото Долно Косоврасти, општина Дебар, неовластено поставил метална ограда во должина од 74 метри и ширина од 21,4 метри и поставил бетонска плоча.
Црна хроника
Дете фатено со марихуана во Карпош
Вчера во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.