Црна хроника
19-годишник излета со возило од булеварот Борис Трајковски во Скопје

Младо момче се здоби со тешки телесни повреди по сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата од булеварот Борис Трајковски и улицата Саса-2.
„Патничко возило ‘шевролет спарк’, со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(19) од Скопје, излета надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здоби сопатникот во возилото М.Ч.(20) од Скопје, констатирани во комплексот клиники Мајка Тереза“, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две жени нападнати од нивните соседки

МВР во дневниот билтен информира за два случаи на насилство извршени од страна на соседки.
На 24.03.2023 во 16.30 часот во Полициска станица Гази Баба П.С.(81) од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот во близина на нејзината куќа на подрачје на Гази Баба поради нерасчистени имотно правни односи била физички нападната од нејзината сосетка Б.Р.
На 23.03.2023 во 14.35 часот во Полициска станица Куманово Е.Г.(43) од Куманово пријавила дека во Куманово била физички нападната од нејзината сосетка В.П.(46) од Куманово.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Црна хроника
Експлозија на плинска боца во Карпош, полицаец заврши во болница

Вчера на улицата Разловечко Востание во стан сопственост на Д.Ѓ.(60) експлодирала плинска боца, по што настанал пожар.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, соопшти МВР.
Поради вдишување чад еден полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила полициска екипа.
Црна хроника
Полицаец вознемирувал неколку ученички во средно училиште во Скопје

Полициски службеник вербално вознемирувал неколку ученички во средно училиште во Скопје.
По пријавата во полицијата веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, соопшти МВР.
Против лицето ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.