Црна хроника
19-годишник од Беровско се заканувал на малолетничка

Вчера, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Полициската станица Берово извршија службен разговор со 19-годишниот М.Ч. од Беровско, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани кон малолетничка од Берово, извести МВР.
Во разговорот тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден велосипедист од Штип: во него удрил мопед и побегнал

Ноќеска околу 20.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Д.Т.(40) од Штип и мопед, по што возачот со мопедот го напуштил местото на настанот.
Со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Прегазена 68-годишна жена од Скопје

Во СВР Скопје синоќа околу 19.15 часот било пријавено дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(70) од Скопје, удрило во пешакот М.С.(68) од с.Волково, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Момче и девојка претепале таксист во Аеродром

Денеска во 03.52 часот во СВР Скопје, М.Н. 63-такси возач од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром едно машко и едно женско лице не му платиле за такси услугата.
Tие според пријавеното и физички го нападнале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.