Црна хроника
22-годишно момче нападнато од неколкумина во Скопје
Синоќа околу 21;30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Иван Хаџиниколов во Скопје, Д.А.(22) од Скопје бил физички нападнат од С.Ф. од село Зелениково и уште неколку лица. Притоа, според пријавата, бил оштетен и мотор „хамачи“, управуван од Д.А. и патничко возило „фолксваген голф“, сопственост на другo лице. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со багер ископал коски кои наликувале на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.
Црна хроника
Струмичани ограбиле 82-годишно лице: му побарале пари па отако виделе дека има поголема сума, го нападнале
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Х.(31) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Ф.М.(22) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство’’ во врска со ,,разбојништво“.
На 31.10.2025 во Струмица, второпријавената побарала пари од 82-годишно лице, кое и дало 100 денари, а откако видела дека носи поголема сума на пари, во договор со првопријавениот и со употреба на физичка сила од оштетеното лице одзеле 14.000 денари.
Црна хроника
Малолетници претепале ученик во училиште во Дебар
Во училипте во Дебар малолетници претепале ученик, соопшти полицијата.
Имено, во ОВР Дебар вчера во 15:20 часот било пријавено дека во основно училиште во Дебар, неколку малолетници нападнале ученик во училиштето.
Според МВР, се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

