Контакт

Црна хроника

299 казни за брзо возење

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден (12.1.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 299 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа 153 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 146 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

На ГП табановце приведени две лица – едното за шверц на дрога, другото за фалсификувана возачка дозвола

Објавено пред

Од

Вчера на Гранишниот премин Табановце се приведени две лица – едното за шверц на дрога, другото за фалсификувана возачка дозвола.

dobivaj vesti na viber

Околу 09:30 часот од страна на полициски службеници од ГП „Табановце“ уапсен е Х.О. (22) полски државјанин кој што со патничко возило „Рено меган“ со полски национални ознаки сакал да оствари влез во нашата земја. Лицето е приведено затоа што при дополнителна контрола врз возилото во истото била пронајдена пластична тегла со опојна дрога – марихуана, како и една дробилка.

На истиот граничен премин вчера околу 17:25 часот од слобода е лишено и лицето В.А. (39) српски државјанин при обид за влез во државава со мопед марка „Aprillia RSV4“ со швајцарска национална ознака. При гранична контрола лицето на увид приложило швајцарска возачка дозвола на негово име за која што по дополнителна контрола со помош на претставници на „Фронтекс“ било констатирано дека е целосен фалсификат.

Прикажи повеќе...

Топ

Едно и пол годишно бебе донесено без знаци на живот на Детска клиника

Објавено пред

Бебе од Скопје без знаци на живот било донесено на Детска клиника, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Имено вчера во 07.30 часот во СВР Скопје, од Детска клиника Скопје било пријавено дека кај нив во 06.40 часот било донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот.

Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на бебето било предадено на обдукција.

Прикажи повеќе...

Топ

Кривични пријави против две лица и една фирма за пожарот на депонијата во Шуто Оризари

Објавено пред

Од

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари

dobivaj vesti na viber

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(40) и А.Н.(46), двајцата од Велес и правно лице со седиште во Шуто Оризари поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“.

Тие во временски период од најмалку шест месеци, заклучно со 09.07.2025 на парцели во општина Шуто Оризари во сопственост на М.К. постапиле спротивно на законските одредби  и без да поседуваат дозвола за управување на отпад на предметните парцели складирале и транспортирале отпаден материјал, а на 09.07.2025 околу 08.45 часот складираниот отпад се запалил и бил предизвикан неконтролиран пожар.

Од страна на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата на РСМ извршени се мерења и утврдено е зголемено ниво на загаденост од горењето на складираниот отпад.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Воведени нови летови од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Скопје се поврзува со уште пет нови дестинации. Од скопскиот аеродром се воведуваат летови до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и...

Македонија1 час

Зголемен број на туристи во Македонија, земјата станува сѐ поинтересна за Германците, Французите, Британците…

Анализата на туристичкиот тренд во првите пет месеци од 2025 година покажува дека Македонија бележи интензивирање на туристичкиот промет и...

Македонија1 час

Обезбедени 42.3 милиони денари финансиска поддршка за ранливите потрошувачи на струја

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека Владата ја донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија...

Свет3 часа

Русија го нападна Киев – најмалку шест загинати, меѓу нив и шестгодишно дете

Најмалку шест лица беа убиени, а десетици ранети во руските ракетни и напади со беспилотни летала врз Киев во зори...

Македонија3 часа

Активни три пожари на отворено во Македонија

Утрово се активни три пожари на отворено во Македонија, информира Центарот за управување со кризи. До 06:30 часот на територијата...

Свет4 часа

Канада најави дека ќе ја признае Палестина

Канада има намера да ја признае палестинската држава на состанокот на Обединетите нации во септември, изјави вчера премиерот Марк Карни,...

Македонија13 часа

Мицкоски: Поединци од СДС потпалуваат за да има политички пожари, а го бранат и Коцевски како последен бастион за нивниот криминал

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на вечерашната трибина на тема „Реформи во здравството, ги градиме темелите на промените“...

Топ17 часа

Едно и пол годишно бебе донесено без знаци на живот на Детска клиника

Бебе од Скопје без знаци на живот било донесено на Детска клиника, соопшти полицијата. Имено вчера во 07.30 часот во...

Македонија18 часа

Ганиу ќе ја тужи Арсовска: Моите адвокати спремаат тужби за невистините што ги зборува за мене чесната жена од Град Скопје

Во Чаир нема 150 згради дивоградби, нема дивоградби изградени на државно земјиште и нема темели за 50 нови дивоградби, кажа...

Топ20 часа

Кривични пријави против две лица и една фирма за пожарот на депонијата во Шуто Оризари

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари Единицата...

Македонија20 часа

Во Тетово ќе се гради Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата...

Македонија23 часа

Водата нема сериозно да поскапи ако конечната цена ја одредува Регулаторната, уверува Бислимоски

Сегашниот сложен процес за одредување на цената на водата ќе се смени и одлуката за конечната цена на водата ќе...

Македонија23 часа

(Видео) Јанковиќ: Власта нема пари за младите спортисти, а има за ПР-агенции, Борко Ристовски да поднесе оставка

Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност,...

Свет1 ден

Земјотресoт на Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној на Камчатка, ослободува огромна количина енергија. За споредба, атомската бомба фрлена врз...

Македонија1 ден

Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјата

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три...

Топ1 ден

Уапсен маж од Скопско, бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Педесет и деветгодишен маж е уапсен рано утрово поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово. Според информациите...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ по интерпелацијата на Коцевски: На Македонија ѝ треба обвинителство отпорно на политичко влијание

Социјалдемократскот сојуз и ДУИ, вчера здружно застанаа на браникот да го спасат Љупчо Коцевски, на кого веќе му е изгласана...

Свет1 ден

(Видео) Земјотрес од 8,8 степени за време на операција, докторите останаа смирени

Силниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија предизвикувајќи цунами високо до...

Свет1 ден

(Видео) Брановите удрија во брегот – први снимки од цунами по разорниот земјотрес во Русија

Првиот бран цунами ја погоди крајбрежната зона на Севернокурилскиот Регион откога Камчатка беше погодена од разорен земјотрес со магнитуда од...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес од 8,8 степени во Русија предизвика цунами, Јапонија и Хаваи наредија евакуација

Силен земјотрес со интензитет од 8,8 степени што го погоди рускиот Далечен Исток предизвика цунами, а Јапонија и Хаваи наредија...