Црна хроника
326 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (23.8.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 326 возачи.
Од нив 10 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 188 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 138 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се запали „рено меган“, пожарот зафати и седум други возила во Кисела Вода

Денеска (10.03.2025) во 01.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје настанал пожар во патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Р.(23) од Скопје.
Во пожарот делумно биле зафатени и други седум патнички возила: „сузуки“ сопственост на Х.С., „опел“ сопственост на правен субјект , „шевролет“ сопственост на Т.А., „шевролет“ сопственост на А.Ш., „фиат“ сопственост на правен субјект, „шкода“ сопственост на Ј.Ј. и „хјундаи“ сопственост на П.Ш., сите со скопски регистарски ознаки.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен.
Црна хроника
Не им дозволувал на сопругата и двете малолетни деца да излезат од дома

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А.(38) од гостиварско село поради постоење основи за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.
Имено на 23.01.2025, пријавениот не им дозволувал на неговата сопруга со нивните две малолетни деца да излезат од семејниот дом.
Црна хроника
Прегазена малолетничка во скопски Аеродром: возачот побегнал

Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Пандил Шишков“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ удрило во 15-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во незгодата малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.