Црна хроника
83-годишен неготинчанец измамен за 14.800 денари на автобуска станица

Вчера во Полициската станица Неготино 83-годишен жител на неготинско село пријавил дека на автобуската станица во Неготино бил измамен за сума од 14.800 денари, од едно лице кое се претставило дека е од Гостивар и го замолило да му даде денари затоа што имало странски валути.
Според пријавеното, тој му дал пари, а лицето му оставило заклучена чанта со објаснување дека во неа се странските валути, и заминало.
Подоцна, според пријавеното, откако ја отворил чантата, видел дека во неа нема пари и сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Пукање во центарот на Куманово

Пукање имало попладнево во центарот на Куманово, потврди кумановската полиција.
Според привичните информации, во пукањето едно лице се здобило со повреди на нозете.
Полицијата најави повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Кривична за кратовчанка: нејзиното куче каснало дете на улица

Полицијата во Кратово поднесе кривична пријава против С.Ј.(49) од селото Крилатица, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
„Пријавената, на 09.11.2023 во с.Крилатица, го пуштила своето куче без надзор и без маска надвор од својата куќа, при што каснало малолетник од селото“, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Затвореник од „Шутка“ итно префрлен на клиника каде што починал

Гостиварец кој бил во затворот Скопје во Шуто Оризари почина на комплексот клини Мајка Тереза.
„На 04.12.2023 во 07.43 часот во СВР Скопје била пријавено дека во 06.30 часот од Казнено-поправната установа Затвор Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со здравствени проблеми бил донесен Л.Ф.(1962) од Гостивар. Во 07.55 часот лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, објави МВР во дневниот билтен.