Црна хроника
Mлад штипјанец му се заканувал на татка си и ја оштетил влезната врата од домот
Полицијата поднесе кривична пријава против Ф.Д.(20) од Штип поради „загрозување на сигурноста“.
„На 26.07.2024, по претходна расправија, пријавениот упатувал закани на неговиот татко и ја оштетил влезната врата од куќата“, објави МВР во дневниот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник заврши во болница oткако го тепале група средношколци во Тетово
СВР Тетово информира дека попладнево приведени се двајца средношколци на 18 години поради напад врз ученик пред средно училиште.
Во 15.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека во угостителски објект пред средно училиште во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир. Веднаш е постапено по пријавата и утврдено е дека повеќе ученици во училиштето физички нападнале малолетник од с.Селце, ученик во истото средно училиште, кој поради здобиените повреди бил префрлен во ургентен центар Тетово за укажување на лекарска помош, додека полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца од учесниците во нападот и тоа Е.Б.(18) и Л.Ц.(18) двајцата од с.Мала Речица, ученици во истото училиште, информираат од СВР Тетово.
Црна хроника
Тетовчанец во угостителски објект си приспособил просторија за играње комар, заработи кривична
СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Ф.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“.
На 08.08.2024, пријавениот – сопственик на угостителски објект во Тетово, ставил на располагање една просторија во склоп на објектот со цел да се игра комар.
Црна хроника
После свадба, кривична – тетовец пукал во воздухот, куршумот завршил во куќата на соседот
Полицијата поднесе кривична пријава против 44-годишниот Ј.Ј. од Тетово.
Тој на 24 јануари, на веселба во домот, со пиштол испукал неколку куршуми во воздухот, по што еден завршил во куќата на неговиот сосед, информираа од полицијата.
Кривичната пријава е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.