Црна хроника
Maлолетник од Делчево префрлен во болница поради гушење со плин

Синоќа за укажување лекарска помош во медицинска установа бил пренесен малолетник од селото Чифлик, Делчевско, поради гушење со плин во својот дом, на кој бил приклучен бојлер.
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кај Демир Капија приведен Косовец кој криумчарел мигранти

На автопатот А1, кај тунелите кај Демир Капија, полициски службеници од полициската станица за граничен премин „Богородица“ вчеравечер го лишиле од слобода Н.Ц. (54) од Косово.
Како што информираат од МВР, при преглед во возилото „фолксваген туран“ со косовски национални ознаки, кое го управувал 54-годишникот, биле пронајдени седуммина мигранти од Пакистан.
Косовецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пред казино на плоштадот „Македонија“ уапсен жител на Батинци кој носел пиштол

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера (20. мај) околу 19.15 часот пред казино на плоштадот „Македонија“ го лишиле од слобода А.И. (20) од скопско Батинци.
Како што информираат од МВР, при преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол марка „ZORAKI M 906 T“ и рамка со шест куршуми калибар 7,65 милиметри.
Дваесетгодишникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повреден малолетник, кој паднал од тераса на трговски центар во Штип

Во СВР Штип вчера било пријавено дека околу 21.45 часот малолетник паднал од терасата на Градскиот трговски центар, при што добил тешки повреди.
Детето било пренесено во Клиничката болница во Штип.
Од МВР информираат дека за настанот е запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Штип.