Црна хроника
Ограбен колонијал во Куманово, арамија си заминал со богат плен од куќа во Боговиње
Арамија ограбил колонијал во вторникот во Куманово, откако претходно на вработените им се заканил со пиштол.
Сторителот влегол во маркетот, го вперил пиштолот кон една од вработените, но истата успеала да го притисне копчето за алармот. Откако сторителот забележал дека го притиснала алармот, ја удрил со рака во пределот на главата, заканувајќи и се дека ќе пука, и ѝ наредил да оди пред него до магацинскиот простор. Во магацинот нејзината колешка му ги дала парите од дневниот промет, по што истиот уште еднаш ја удрил во пределот на главата, излегол од маркетот и избегал во непознат правец.
СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Во друг случај, во периодот од 00.30 до 06.00 часот во, с.Боговиње во куќа сопственост на Џ.А. (51) непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот со погоден предмет го скршил цилиндерот од влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување и од салонот одзел една јакна во која имало 20.000 евра во разни апоени, еден пар панталони во кој имало 20.000 денари во разни апоени, како и лични документи и една ташна во која имало 120.000 денари во разни апоени. Откако го извршил делото сторителот избегал во непознат правец.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Во трет случај, поднесена е кривична пријава против П.М. (30) и З.К. (25), двајцата од с.Кривогаштани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ и „тешка кражба во обид“. На 22/23.10.2016 година пријавените со употреба на погоден алат и физичка сила ги сториле делата во магацин за колонијална стока, лоциран на м.в. ,,Стопанство” во близина на Крушево, при што одзеле поголема количина на детергенти и други кондиторски производи во вкупна вредност од 30.000 ден, а додека во друг магацин не одзеле ништо. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

