Контакт

Црна хроника

Семејно насилство во тетовско: Ја тепал сопругата и ѝ заканувал со нож дека ќе ја убие

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и предложи мерка притвор за жител на тетовско Гајре заради основано сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста како и телесна повреда.

„На 21 јуни, при вршење семејно насилство, осомничениот сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им побарал 100 евра, а тие одбиле да му дадат пари. Со намера да ги вознемири и да ги заплаши жените, започнал да ја крши покуќнината и со нож им се заканил дека ќе ги убие. Сопругата ја удирал со тупаници по телото и ја влечел за косата, нанесувајќи и телесни повреди“, соопшти Обвинителството.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Скопјанец нашол заталкан куршум во неговиот двор

Објавено пред

Од

Скопјанец пријавил во полиција дека нашол заталкан куршум во неговиот двор.

Според информациите на МВР, вчера часот во СВР Скопје, Р.Р.(35) од село Студеничани, скопско, пријави дека кај влезот на неговата куќа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое го пробило металниот лим со кој биле покриени скалите и влезот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повреден германски државјанин, со мотоцикл излетал од патот кај Бигорски манастир

Објавено пред

Од

Германски државјанин е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот во близина на Бигорски манастир.

Според информациите од МВР, вчера во 10:30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на патниот правец Маврово кон Дебар, во близина на Бигорскиот манастир, германскиот државјанин К.Б.(55), управувајќи мотоцикл со германски национални ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од коловозот.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Лишени од слобода 20 возачи за безобѕирно управување, дел без возачка, дел под дејство на алкохол

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава, полициските службеници лишиле од слобода 20 возачи за безобѕирно управување возило.

Од нив, 16 управувале возило без возачка дозвола, меѓу кои и еден малолетник, додека четири лица биле затекнати како возат под дејство на алкохол.

Според податоците, во Скопје пет лица управувале возило без возачка дозвола, при што едно од нив било и под дејство на алкохол. Во Кочани се регистрирани три случаи, меѓу кои и еден малолетник, во Гостивар две лица, а по едно лице во Кривогаштани, Градско, Кичево, Тетово, Штип и Прилеп.

Во одделни случаи на возење под дејство на алкохол, по едно лице се регистрирани во Прилеп, Виница, Куманово и Македонски Брод.

По целосно документирање на случаите, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Две третини од граѓаните на ЕУ го поддржуваат враќањето на Велика Британија во блокот

Две третини од граѓаните на ЕУ би го поддржале враќањето на Велика Британија во блокот, а повеќето Британци сметаат дека...

Македонија24 минути

Утре и во среда дожд, грмежи, силен ветер и појава на град

Утре и во среда под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена...

Македонија28 минути

Измените на Изборниот законик влегуваат во завршна фаза

Денеска се одржа десеттата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, на која продолжи разгледувањето на предлозите за...

Македонија32 минути

Во реал политиката се соочуваме со политика на сила и потребна е одбрана, порача Сиљановска-Давкова на конференцијата на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на отворањето на конференцијата на претседатели на врховни судови од Централна и од Источна...

Свет1 час

Навроцки до Зеленски: Знаеме колку штета ни нанесоа украинските националисти

Претседателот на Полска, Карол Навроцки, ги отфрли тврдењата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека спорот околу орденот на Белиот орел...

Македонија1 час

Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии, прашуваат од СДСМ

Министерката за финансии Кочоска го потврди она што СДСМ го зборува изминатиот период – во буџетот нема пари. Целокупниот буџетски...

Македонија2 часа

Минчев на ЦЕФ Форумот 2026: Реформите можат да создадат правила, технологијата може да создаде алатки, но луѓето се тие што создаваат резултати

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026 на тема “Управување во услови на неизвесност и...

Македонија2 часа

Утре прекинато водоснабдување во делови од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување водоводен приклучок ф-80 мм на ул.Владимир Назор 14, прекинато водоснабдување...

Свет2 часа

Toплотен бран во Европа, соборени рекорди: „Ова е само почеток“

Супер топлотен бран за кој се очекува да ги сруши рекордите за температура ја погоди Западна Европа. Половина од Франција...