Црна хроника
Малолетничка нападната во Аеродром

Вчера во 22.20 часот во СВР Скопје, 30-годишната Т.А.С. од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Mлада девојка со автомобил удри во пензионер во Прилеп

Вчера на улицата Нада Циривири во Прилеп, патничко возило ‘опел’ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Е.И. од Прилеп, удрило во пешакот М.Ѓ.(81).
Во несреќата, пешакот М.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Штипјанка нашла рачна бомба додека го чистела станот на починатиот татко

Жителка на Штип при чистење на станот на својот починат татко вчера попладне пронашла рачна бомба и веднаш пријавила во полиција.
На терен излегол пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој безбедно ја отстранил бомбата.
За инцидентот бил известен и јавен обвинител.
Црна хроника
Пукале со пиштол на семејна веселба во Кичевско, повредено 16-годишно момче

Шеснаесетгодишно момче е повредено откако неколку куршуми се одбиле од подот во пукање на семејна веселба во кичевско село.
Според информациите на МВР, ноќеска во 02.30 часот, полициски службеници ги уапсиле Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол.
При семејна веселба во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. од пиштол испукал неколку куршуми, кои по одбивање од подот, повредиле 16 – годишно момче од селото Стрелци, кое било пренесено во Општа болница во Кичево.
Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави